Францускиот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, даде своја верзија на настаните кои предизвикаа хаос во Реал, откако вчера изјавата даде и неговиот соиграч Федерико Валверде со кого имал физички конфликт. Денеска двајцата добија финансиска казна од по 500.000 евра.
Ова е соопштението на Чуамени:
„Она што се случи оваа недела на тренинзите е неприфатливо. Го кажувам ова размислувајќи за примерот што се очекува да им го дадеме на младите луѓе, без разлика дали во фудбалот или во училиштето. Без разлика кој е во право или не, секогаш мора да бараме најмирно решение за решавање на конфликт.
Пред сè, жалам за сликата што ја проектиравме за клубот. Знам дека навивачите, тренерскиот персонал, моите соиграчи, управата… сите се длабоко разочарани од тоа како се одвиваше оваа сезона. Но, фрустрацијата не може да биде изговор за сè. Овие инциденти, иако можат да се случат во која било соблекувална, не се достојни за Реал Мадрид. Особено затоа што Реал Мадрид е најзборуваниот клуб во светот.
Интернетот сака да измислува најчудни приказни за да генерира возбуда, затоа не верувајте во сè што ќе чуете или во лажните наративи.
Во секој случај, не е време да се открие кој што направил, кој што рекол или кој бил во право или не. Ја признавам санкцијата на клубот и ја прифаќам. Сè уште сме семејство, со несогласувања понекогаш, но секогаш мора да ги ставаме нашите цели пред сè друго. Се извинив на групата и сакам да им се извинам и на сите навивачи на Мадрид.
Сега е време да гледаме напред, а целото наше внимание е насочено кон Ел Класико и сезоната што претстои, да го вратиме клубот на врвот, каде што му е местото“, напиша Чуамени на кого му прекипело од провокациите и ударите на Валверде кон него, па вчера го удрил, Уругваецот со главата удрил во маса по што доби повреда на главата и нема да игра на Ел Класико.

