Ракометната федерација на Македонија објави дека од денеска официјално се пуштени во продажба билетите за бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2027 помеѓу машките селекции на Македонија и Словачка.
Овој меч ќе се игра в недела (17-ти мај) од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, и тоа ќе биде реванш, а првиот дуел е в четврток на 14-ти во Прешов.
Билетите за мечот Македонија – Словачка се продаваат по цена од 400 и 500 денари. Достапни се преку продажната мрежа на MK Tickets и на следниот линк: https://mktickets.mk/event/makedonija-slovacka/

