Реал Мадрид објави соопштение во кое потврди дека ги казнил Федерико Валверде и Орелиен Чуамени со по 500.000 евра, по настаните што доведоа до отворање на дисциплинска постапка против овие играчи.
Двајцата денес се појавиле пред истражителот на случајот. Изразиле длабоко жалење за она што се случи и си се извинија еден на друг. Тие исто така му се извиниле и на клубот, на своите соиграчи, на тренерскиот штаб и навивачите, и двајцата се ставија на располагање на Реал Мадрид да им даде каква било санкција што клубот ја смета за соодветна.
Со оглед на овие околности, Реал Мадрид одлучи да изрече финансиска казна од 500 илјади евра за секој играч посебно, со што се завршени соодветните интерни процедури.
Ова значи дека Кралскиот клуб нема да преземе подрастични мерки од типот бркање на двајцата од клубот и раскин на договорите, туку „само“ парична казна која е рекордна во Реал, но заслужена, со оглед на тоа дека „тепачите“ нанесоа голема штета на имиџот на клубот.
Проблемите помеѓу Французинот и Уругваецот почнаа одамна кога Чуамени го критикувал Валверде дека работел на бркање на тренерот Чаби Алонсо кон кој покажувал непочитување. Работите ескалираа завчера кога Валверде го провоцирал Чуамени и неколку пати имал груби стартови над него на тренинг. Хаосот продолжи вчера кога не сакале да се поздрават, а капак била тепачката во соблекувалната. Чуамени го удрил Валверде по што тој паднал и со главата удрил во маса, заврши во болница и се здоби со повреда поради која немаа да игра 10-14 дена.

