ПСВ, Реал и Лион ќе победат без мака

1307 Реал Мадрид – Мајорка (22 ч.)

Кралскиот клуб има мотив да победи за да се врати повторно на челната позиција во Шпанија. Мајорка е еден од омилените противници на Реал затоа што мадриѓаните победиле осумпати во последните 10 меѓусебни средби.

Во седум од тие осум победи, Реал постигнува минимум по два погодоци, а ако се знае дека сезонава играчите на Карло Анчелоти се расположени за погодоци (просек имаат по три гола на меч), може да се очекува ефикасен дуел на „Сантијаго Бернабеу“.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.55)

 

1115 Челзи – Астон вила (20:45 ч.)

Дуел од Лига купот, но ако се знае дека Челзи има амбиции на атак на повеќе трофеи, сигурно домаќините нема да си дозволат луксуз и да бидат елиминирани. Астон вила пред еден месец гостуваше на „Стемфорд бриџ“ и не помина добро, си замина со пораз од 3:0.

Кога се работи за дуели од Куп, обично се игра поотворено, па може да очекуваме возбудувања и погодоци, иако одбраната на Челзи е една од најдобрите во Европа.

Предлог тип: ГГ3+ (2.45)

 

1632 Го ахед иглс – ПСВ Ајндховен (18:45 ч.)

ПСВ во минатото коло доживеа шокантен пораз од 0:4 во дербито со Феенорд, па сега мора да се коригира на теренот на еден од омилените противници. Во последните 15 меѓусебни средби, ПСВ има 14 победи, додека Го ахед иглс само еднаш успеал да одигра нерешено.

Во тие 15 меча, ПСВ има просек од речиси три погодоци против овој ривал, па реално и сега нема да биде проблем гостите да бидат ефикасни и да постигнат барем по еден гол во двете полувремиња.

Предлог тип: Т21+I& 1+ II (1.99)

 

1923 Сент Гален – Базел (20: 30 ч.)

Меч од седмото коло во Швајцарија кој има интересна историја. На девет од последните 14 меѓусебни средби на овие екипи, победувале гостите. Тоа значи дека домашниот терен не е некоја предност. Базел има пет триумфи на последните седум гостувања на теренот на Сент Гален.

Сент Гален е тимот кој по првите шест меча има гол-разлика 10:14, што значи дека во просек паѓаат четири погодоци. Екипата сака да напаѓа, но тоа остава простор за противникот лесно да го загрози нивниот гол.

Предлог тип: 2&3+ (3.10)

 

1602 Олимпик Лион – Троа (21 ч.)

Лион несреќно загуби во дербито од ПСЖ на „Паркот на принцовите“, па тоа ќе биде дополнителен мотив вечерва да ги освои трите бода на свој терен. Троа е противник по мерка, посебно ако се знае дека Лион ги добил 10 од последните 11 средби со овој ривал.

Ако се знае моменталната форма, традицијата и играчкиот кадар на двата тима, нема дилеми дека домаќините се големи фаворити.

Предлог тип: 1 (1.56) – квота од Супер тип 

 

- Оглас -

Најнови вести