Големиот српски талент реши со боксови да се ослободи од противникот (Видео)

Без победник, со резултат 1:1 заврши дуелот од белгиското првенство меѓу Гент и Андерлехт во 37 коло. Гостите поведоа со автоголот на Лопес во 11 минута, а Гент израмни во 44 минута. Освен двата погодоци, во финишот на првиот дел, односно во судиското надополнување се случи и еден инцидент во кој во главна улога беше гостинскиот фудбалер Михајло Цветковиќ.

Младиот српски интернационалец кој постигна неколку важни погодоци за Андерлехт сезонава, направи непромислен потег поради кој доби директен црвен картон.

По една исфрлена точка, Цветковиќ беше во дуел со еден гостински дефанзивец, но наместо да се обиде на чист начин да се стекне со погобра позиција, младиот офанзивец на Андерлехт непромислено реши неколку пати со рацете да го удри противникот кој заврши на тревата.

Најавите се дека Цветковиќ поради црвениот картон кој го заработи денеска, може да го пропушти финалето на Купот против Сент Унион.

Цветковиќ важи за голема надеж на српскиот фудбал. Тој е дел од У21 селекцијата на Србија, а пред неколку недели тој беше јунак во националниот тим и стрелец на погодоци во дуелите со Англија и Полска. Србија се избори за место на завршницата на Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести