Многу неизвесност, тензија, драма имаше во дербито од 28 коло во Втора фудбалска лига на Македонија меѓу Брегалница Штип и Шкендија Арачиново кој на крајот заврши без победник 1:1. Со ова реми, Брегалница Штип ја задржа првата позиција на табелата во Втора лига со 65 бодови, исто колку што има и Скопје.
Шкендија е трета со 63 бодови, додека кругот на фаворити за влез во Прва лига го затвора тимот на Охрид кој е четврти со 62 бодови. До крајот на првенството има уште две кола.
Неверојатно интересно беше во Штип, каде Брегалница и Шкендија Арачиново одиграа без победник.

Гостите први постигнаа гол и тоа преку Николче Шаркоски кој со волеј одлично шутираше и од околу 20 метри откосо погоди за 0:1 во 16 минута. Шкендија со предност замина на полувреме.
Во вториот дел, Брегалница Штип тргна со сите сили да израмни и тоа се случи во 70 минута. Беше досуден пенал за Брегалница, а Капсарев беше сигурен од белата точка и погоди за 1:1. По овој погодок на Брегалница следуваше прекин од 10-тина минути. Најпрво гостите беа незадоволни поради досудениот пенал и бурно реагираа, а потоа и од домашната клупа влегоа во вербална расправија. Мораше да реагира и полицијата, а на крајот страстите се смирија и

Охрид без многу проблеми славеше над Големо Коњари со 3:0. Сите дилеми беа решени уште во првото полувреме кога домашниот тим постигна два гола за сигурна предност. Скопје минимално со 1:0 победи во Тетово против Тетекс и сега е рамо до рамо со Брегалница Штип.

Резултати: Брегалница – Шкендија Арачиново 1:1 , Каменица Саса – Слога Виница 1:0, Кожуф – Победа 8:0, Охрид – Големо Коњари 3:0, Преспа – Детонит 0:3, Тетекс – Скопје 0:1, Вардар Неготино – Осогово 0:4, Новаци – Беласица .
Табела:


