Фудбалерот на Порто, Јан Бендарек и неговото семејство доживеаа вистинска драма, откако во нивниот дом влегле група разбојници и крадци. Според португалските медиуми, полскиот интернационалец заедно со семејството, околу 21 часот се враќал во својот дом. Кога влегле дома, виделе дека има пет непознати луѓе.
Наводно, тоа биле четворица мажи и една жена кои зборувале шпански јазик. Ситуацијата драстично се влошила кога еден од непознатите извадил нож и му се заканил на Бендарек. Целата оваа ситуација се случувала пред очите на четиригодишното девојче на фудбалерот на Порто.

Исрагата покажа деа бандата најверојатно неколку недели го следеле семејството на центеалниот стопер и знаејќи кога во куќата нема никој, успеале да влезат со цел да крадат. Изненадување било тоа што Бендарек и семејството се вратиле побрзо од планираното.
Крадците успеале да однесат два часовници, две бурми и алка, а вкупната вредност се проценува околу 150.000 евра. Полицијата веднаш реагирала и започзната е потрага по сторителите.

