Три попладневни ремија во Премиер – лигата (Видео)

Фудбалерите на Астон Вила трет натпревар по ред не успеаја да стигнат до победа во Премиер лигата, откако во 36-тото коло одиграа 2-2 на гостувањето кај веќе отпишаниот Барнли.


По успешната недела и пласманот во финалето на Лига Европа, беше очекувано тимот на Унаи Емери нешто побавно да влезе во мечот. Тоа веднаш се одрази, па Барнли поведе уште во осмата минута преку Антони, кој реагираше најбрзо по одбиена топка.


Астон Вила постепено ја презеде иницијативата и создаде неколку шанси, но можеше да прими и втор гол во 28-та минута кога Флеминг пропушти голема можност.


Следуваа неколку опасни обиди на гостите, а Рос Баркли во 42-та минута конечно израмни со прецизен удар со глава по корнер.


Во второто полувреме Вила направи пресврт во 56-та минута преку Оли Воткинс, кој мајсторски се избори за простор и погоди за 1-2. Сепак, радоста траеше кратко, бидејќи само три минути подоцна Флеминг го врати Барнли во игра со погодок за 2-2.


До крајот, Вила притискаше преку Јури Тилеманс и Џош Мекгин, но без реализација, па натпреварот заврши без победник. Тимот од Бирмингем останува на петтото место, со четири бода пред Барнли.


Нерешено одигра и Кристал Палас, кој три дена по пласманот во финалето на Лига конференции ремизираше 2-2 со Евертон.


Гостите од Ливерпул поведоа рано преку Џејмс Тарковски во шестата минута, но Исмаила Сар израмни во 34-та минута. Евертон повторно дојде до водство преку Бето во 47-та минута, но Палас одговори преку Жан-Филип Матета за конечни 2-2.


Нерешено заврши и дуелот меѓу Нотингем Форест и Њукасл Јунајтед (1-1). Гостите поведоа преку Харви Барнс во 74-та минута, а домаќините израмнија во 88-та минута преку Елиот Андерсон.

- Оглас -

Најнови вести