Македонија ЃП и Работнички ја губат битката за опстанок и ќе се преселат во второлигашка конкуренција, заедно со Шкупи. Македонија ЃП на домашен терен загуби од Тиквеш со 1-4, додека Работнички одигра 2-2 кај Брера во Струмица.
Арсими и Башкими одиграа 1-1 на дуелот во Гостивар.Со овие три меча се комплетираше 31-то коло од Првата лига и до крајот остануваат уште две кола.
Окере и Сила обезбедија два гола предност за Тиквеш во првиот дел во Ѓорче Петров, а кавадарчани во второто полувреме постигнаа уште два погодоци.
Работнички поведе во Струмица во втората минута со голот на Дитмир Хоџа, но само една минута подоцна возврати Никола Величковски. Истиот фудбалер беше творец и на пресвртот, а во 45.минута не реализира и пенал. Во вториот дел, Работнички израмни преку Јован Бошнаков во 85.минута.

