Челзи не губи од Манчестер сити, во Виторија ќе победи Атлетико Мадрид

1001 Манчестер јунајтед – Астон Вила (Премиерлига, Англија, 13.30 часот)

Пристигна Кристијано Роналдо и оптимизмот кај Црвените ѓаволи веднаш рапидно порасна, па сега се говори и за титулата на „Олд Трафорд“.

Тоа е можно сценарио ако популарниот ЦР7 продолжи во ист стил како што го почна кам-бекот во клубот од Манчестер. Постигна три гола на двата меча што ги одигра во Премиерлигата сезонава и од него се очекува да биде клучот на успехот на најтрофејниот англиски клуб.

Астон Вила е многу незгоден тим, со одлична одбрана и напаѓачи, а во последно време против Манчестер јунајтед играат ефикасни натпревари.

На четири од последните пет дуели имаше најмалку по три гола и на сите барем еден паѓаше во првото полувреме.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.69)

 

1002 Челзи – Манчестер сити (Премиерлига, Англија, 13.30 часот)

Едно од двете дербија во шесттото коло во Премиерлигата ќе се игра на „Стемфорд Бриџ“ меѓу големите кандидати за титулата. Актуелниот европски првак Челзи му е домаќин на англискиот шампион Манчестер сити во нова пресметка.

Досега Челзи е поуспешен во меѓусебните дуели со 71 победа, наспротив 59 на Сити. Домаќините имаат и три победи по ред против големиот ривал, а славеа на четири од последните пет меча.

Проблем за гостите може да биде повредата на Гундоган, но токму во средниот ред Манчестер сити има многу квалитетни играчи и може да најде замена за германскиот репрезентативец.

Кристијан Пулишиќ и голманот Менди се неизвесни за настап кај Челзи, но и без нив клубот од Лондон реди успеси. Интересно е што и двете екипи примија само по еден гол во првите пет кола во Премиерлигата, што значи дека одбраните им се одлични.

Мала предност ќе му дадеме на Челзи во меч на кој типуваме дека нема да има повеќе од три гола.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.92)

 

1301 Алавес – Атлетико Мадрид (Ла Лига, Шпанија, 14 часот)

Алавес постигна само еден гол во првите пет кола во шпанското првенство, нанижа пет порази и е меѓу главните кандидати заа испаѓање.

Хавиер Калјела пристигна во април годинава и успеа како тренер да го предводи Алавес до опстанок во ланското издание на Ла Лига, но сега ќе биде потешко, ако се суди според стартот со пет порази во пет кола.

Лошо во целата ситуција е што се наѕира и нов пораз, бидејќи на гости доаѓа актуелниот шпански шампион Атлетико Мадрид. Јорганџиите не загубиле од Алавес на 12 меча по ред, немаат пораз ниту во стартните шест кола од новото првенство и се големи фаворити за триумф во Виторија.

Предлог тип: 2 (1.62)

 

3001 Специја – Милан (Серија А, Италија, 15 часот)

Специја го изненади Милан во меч од ланското првенство на „Алберто Пико“ и победи со 2:0, за првпат во меѓусебните дуели со италијанскиот гигант.

Тој пораз сепак не беше кобен за Росонерите, кои како вицешампиони на Италија се изборија за настап во Лигата на шампионите. Сега амбициите се исти, а ако се отвори шанса ќе се атакува и на титулата во Серија А.

Милан има многу кадровски проблеми, пред се им фали Златан Ибрахимовиќ, но сепак стартуваа одлично во калчото и се на делба на второто место со Интер без пораз во пет кола.

Специја ја игра втората сезона во Серија А и повторно целта им е опстанок во елитата, но бодови ќе бараат на друг меч, бидејќи Милан има подобар тим и ќе победи.

Предлог тип: 2&ГГ (3.15)

 

1304 Реал Мадрид – Вилјареал (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Интерсен тренд има на последните 7 меѓусебни дуели меѓу Реал и Вилјареал, а статистиката вели дека Кралевите победуваат на домашен терен со по еден гол разлика, а на гости играат нерешено со популарната Жолта подморница.

И на сите 7 меча двете екипи погодуваа, па ако се почитува традицијата Гол-гол е сигурна опција. Карим Бензема е во топ-форма, тој е првиот играч во Ла Лига во овој милениум што стартувал во првите шест кола со 8 гола и 7 асистенции и ќе биде главна закана за голот на гостите.

Бензема често погодува и против Вилјареал, но ќе го нема Бејл, кој му даде три гола исто како и Карим на последните 7 натпревари на денешниот гостин.

Реал даде рекордни 21 гол на првите шест меча во Ла Лига, а Вилјареал изненадувачки ја има најдобрата одбрана со само три примени погодоци, но на пет меча.

И двете екипи се непоразени, имаат одлични напаѓачи, па се очекува Бензема, Винисиус, Морено, Алкасер… да бидат ефикасни во меч шти Реал нема да го загуби.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.00)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести