Рома со 3:2 славеше на гости кај Парма во меч од 36 коло на италијанската Серија А. Неверојатна драма беше на стадионот во Парма, а на крајот Рома со гол во 103 минута стигна до победа.
Рома прва даде гол. Се играше 22 минута кога по асистенција на Дибала, радост за гостите донесе Мален. Волчицата со минимална предност замина на полувреме.
Само што започна вториот дел, Парма израмни на 1:1. Стрефеца погоди во 47 минута најавувајќи дека домаќините нема лесно да се предаде.
Во 87 минута, Парма поведе со 2:1, а стрелец на голот беше Кеита. Сепак, тоа не беше крајот на возбудувањата. Се играше 90+4 минута кога Рома израмни на 2:2.
Се играше 11 минута од судиското продолжување кога беше досуден пенал за Рома, а Мален беше сигурен реализатор за победа на Рома од 3:2.
Со пвон триумф Волчицата сега има 67 бодови исто колку што има и Милан кој е четврти на табелата, позиција која е последна што носи пласман во Лига на шампиони за следната сезона.

