Чудо во снукерот: Аматер го елиминира светскиот вицепрвак

Светскиот вицепрвак во снукер, Шон Марфи, доживеа шок откако испадна уште во првото коло на Првенството на Велика Британија. Марфи загуби со 6:5 од кинескиот аматер Си Јаихуи.

Ова е едно од најголемите изненадувања во светот на снукерот, а Марфи, едноставно, не можеше да се помири со фактот дека загуби од 19-годишниот аматер и упати остри критики кон организаторот.

„Ќе звучам како мрзоволен старец, но загубив од играч кој воопшто не ни требаше да игра. Тоа воопшто не е исправно. Загубив од некој кој воопшто не ни требаше да биде во оваа зграда“, луто коментираше Марфи, кој додаде дека не треба да се дозволува учество на аматери.

Според Марфи, аматерите играат без никаков притисок и тоа е нивна голема предност.

„Не знам како станавме спорт кој дозволува да учествуваат аматери на најсилните турнири. Ние живееме од овие турнири. Играв против некој кој воопшто немаше притисок, за разлика од мене. Тој е човек без ниту една грижа на овој свет, а јас живеам од ова. Тоа не е фер“, објаснуваше Марфи.

Иако Марфи се лутеше на одлуката аматери да играат на овие турнири, од организаторот објаснија како младиот Кинез се најде на турнирот.

„Иако можеби има статус на аматер, тој врз основа на резултатите што ги има, заслужува да биде дел од нашето натпреварување. Аматерите играат под исти правила како и професионалците“, стои во објаснувањето на Светскиот снукер.

Во Sport Life може да се обложувате на сите мечеви од Првенството на Велика Британија во снукер.

- Оглас -

Најнови вести