Полските хулигани тепаа и полицајци на стадионот во Лестер (Видео)

Лестер со 3:1 славеше над Легија во меч кој го одбележа дивеењето на гостинските навивачи. Полските фанови се познати како едни од најопасните, а тоа се потврди и на овој меч.

Стотина највоинствени навивачи на Легија ги нападнаа редарите, но и полицијата на стадионот  „Кинг пауер“ во Лестер и направија голем неред.

https://twitter.com/i/status/1463998807981580289

Без никаква провокација, гостинските навивачи започнаа да го кинат платното кое беше ставено како еден вид тампон-зона и стигнаа до првиот ред на редари и полицајци, кои едноставно беа немоќни да се одбранат и мораа да се повлечат.

 

- Оглас -

Најнови вести