Левски од Софија за кој игра македонскиот репрезентативец Никола Серафимов, после 17 години повторно е првак на Бугарија, прекинувајќи ја рекордната серија на Лудогорец од 14 титули по ред. Доминацијата на тимот од Разград конечно е прекината, а спречен е и европски рекорд.
Во Европа, вакви серии од 14 шампионски титули по ред имале само Лудогорец во Бугарија, Линколн во првенството на Гибралтар и Сконто Лига во Летонија. Никој немал 15 титули по ред.
Сега најдолга шампионска серија во Европа има Црвена ѕвезда која девет сезони по ред е на тронот во Србија.

