Еден од најдобрите шпански судии во центарот на скандал

Еден од најпознатите судии во Шпанија, Матеу Лахоз се најде во центарот на внманието по саботниот меч меѓу Хетафе и Мајорка. Тоа беше дуел на две екипи кои се борат за опстанок, а на крајот Хетафе победи со 1:0 и ги освои трите бода, па сега со 32 бодови скокна на 14-тото место, додека Мајорка остана на 26 бодови и е во зоната за испаѓање.

Мечот во предградието на Мадрид беше исполнет со жестока борба, а судијата Лахоз само во првиот дел покажа дури осум жолти картони. Дури пет од овие осум жолти картони беа доделени по мешаницата која се случи во 40 минута. По завршување на првиот дел, Лахоз додека заминуваше кон соблекувалната, преку микрофонот на шпанската телевизија, се слуша како му се обрака на играчот на Хетафе, Енес Унал со зборовите: „Должник си ми“.

Играчот на Хетафе направи неспортски потег по кој можеше да добие црвен картон во 40 минута, а тогаш се слушна како му вели на судијата „Немојте да ме исклучите“. Лахоз ја прифати молбата на играчот и наместо црвен картон, му даде само жолт картон.

Во второто полувреме Лахоз исклучи еден фудбалер на Мајорка идосуди пенал за Хетафе. Токму Унал го шутираше пеналот, но промаши. За среќа на Хетафе, Мајорал погоди во 82 минута за победа на домаќините.

 

- Оглас -

Најнови вести