Јувентус триумфираше со 1-0 на гостувањето кај Лече, а голот падна после само 11-12 секунди игра. Само што тргнаа гостите од центарот, во првата акција дадоа гол, стрелец беше Душан Влаховиќ. Ова е еден од најбрзите голови во историјата на Јуве, а најбрз во последните 20 години.
Експресниот гол на Влаховиќ погледнете го ТУКА.
Подоцна Старата дама уште двапати ја тресеше мрежата на Лече, но головите беа поништени од ВАР. Со оваа победа, Јувентус останува во топ 4 и продолжува со битката за пласман во Лигата на шампионите. Лече е на четири бода над загрозениот Кремонезе кој утре игра со Пиза, па ако Кремонезе победи утре, во последните две кола ќе има тесна битка за опстанок.

