Најубавата вест денеска: Го победив ракот и повторно ќе играм фудбал

Давид Брукс, репрезентативецот на Велс и член на Борнмут во Англија, ја соопшти најубавата вест за денеска. Брукс, кој има само 24 години, објави дека ја победил тешката болест рак и дека ќе ја продолжи кариерата.

Во јануари Брукс извести дека е на половина пат од лекувањето, а сега конечно ја објави и убавата вест.

„Сакам да им се заблагодарам на неверојатниот медицински тим и на нивната неверојатна работа и поддршката која ми ја даваа во целото време на лекувањето. Минатата недела се сретнав со специјалистот кој ми ги соопшти резултатите од последното тестирање. Сега со задоволство можам да кажам дека лекувањето е успешно и дека веќе немам рак. Неверојатно е дека тоа го кажувам. Се радувам што повторно ќе се вратам кај соиграчите во Борнмут. Во наредните неколку месеци напорно ќе работам и едвај чекам да бидам подготвен за повторно да бидам на теренот“, беше пораката на Брукс.

- Оглас -

Најнови вести