Ривер плејт се обидува да ги врати Мастантуоно и Ечевери

Аргентинскиот гигант Ривер плејт ги насочи погледите кон Франко Мастантуоно и Клаудио Ечевери, два бисера од младинската академија кои пред некое време заминаа во Европа, но не успеаја да се етаблираат како што се очекуваше.

Ривер ќе се обиде да ги врати двајцата и тоа на позајмица, ќе контактираат директно со Реал Мадрид и со Манчестер сити за да видат дали имаат намера да им ги позајмат, барем за една сезона.

Мастантуоно не се најде на списокот на селекторот Скалони за СП 2026, но враќањето во аргентинскиот фудбал е малку веројатно, иднината ќе му зависи од тоа што ќе одлучи новиот тренер.

Ситуацијата со Дијаблито Ечевери, кој во Европа играше во Баер Леверкузен, Сити и Жирона, е слична. Договорот со Сити му е до јуни 2028 година, а негова шанса е заминувањето на Пеп Гвардиола бидејќи новиот менаџер би можел да му даде вистинска можност.

- Оглас -

Најнови вести