Шпанскиот стручњак Ибон Наваро е нов тренер на Црвена ѕвезда. Се очекува наскоро и официјализација на информацијата откако двете страни ги договориле сите детали.
Во последните четири сезони, Наваро ја водеше Уникаха од Малага, со која освои седум трофеи.
Ѕвезда зад себе имаше турбулентна сезона, која започна со отпуштањето на Јоанис Сферопулос, продолжи со доаѓањето на Саша Обрадовиќ, серијата победи и освојувањето на Купот „Радивој Кораќ“, а потоа се случи целосен колапс со елиминацијата во плејинот на Евролигата, во полуфиналето на АБА-лигата и на српската Суперлига. Поради сето ова, Обрадовиќ беше отпуштен, а на негово место сега доаѓа шпански стручњак.

