ЦСКА Москва објави продолжување на договорот со капитенот на тимот, Игор Акинфеев. Договорот со 40-годишниот голман е со важност до крајот на сезоната 2026/27.
Како производ на младинскиот систем на московските гиганти, Акинфеев ја помина целата своја кариера во ЦСКА. Со армискиот тим, освои шест руски титули, осум купови, осум Суперкупови на Русија и Купот на УЕФА во 2005 година.
Голманот одигра 818 натпревари за првиот тим на ЦСКА, во кои 327 пати ја задржа мрежата без примен гол. Од 2004 до 2018 година, Акинфеев играше и за руската репрезентација, со која освои бронза на Европското првенство во 2008 година.
Тој повеќе од 35 години е во клубот. Малиот Игор дојде на својот прв тренинг во ЦСКА на 4-годишна возраст, а сега тој има има 929 настапи во кариерата. Тој е најпосветениот фудбалер во историјата на светскиот фудбал, а оваа сезона ќе биде негова 24-та во сениорскиот тим на ЦСКА.

