ЕХФ со истрага за расизам на финалето во Охрид

Европската ракометна федерација отворила истрага по повод „инцидентот“ на финалето на Европскиот куп за мажи на ЕХФ во неделата помеѓу ГРК Охрид и Татабања, во кој наводно се случиле расистички навреди од трибините насочени кон играчот на Татабања, Баптист Даматрен.

„ЕХФ нагласува дека нема место за расизам во европскиот ракомет и како организација ги осудуваме сите форми на расизам, дискриминација и нетолеранција. Секое такво однесување против играч, судија и гледач не се толерира. Последователно, Европската ракометна федерација одлучи да покрене истрага за обвинувањата за да утврди дали треба да се поведат правни постапки“, објавија од Европската федерација.

- Оглас -

Најнови вести