Сент Етијен со победа ќе ги израдува своите навивачи и ќе слави опстанок во француската елита

1701 Сент Етијен – Оксер (Лига 1 Франција, 19:00 часот)

По првата средба резултатот од баражот за опстанокот во најсилната лига на Франција е 1:1, па затоа се ќе се одлучува на денешната средба.

Сент Етијен е еден од најодликуваните тимови во Франција со најжестоките навивачи, кои ќе бараат побееда и опстанок во елитата.

Иако формата е сосема различна кај двете екипи, квалитетот на големо е на страната за домаќините, кои со победа ќе бараат заборав на оваа лоша сезона а на лето со атрактивни засилувања ќе атакуваат на далеку подобар резултат.

Предлог тип: 1 (2.11)

1536 Мориеренсе – Шавес (Примера лига Португалија, 20:30 часот)

Домаќинот кој што изминатата сезона играше во најсилната лига на Португалија мора да тргне офанзивно од првата минута, доколку сака опстанок. Причината за тоа е негативата од 0:2 по првата средба за Шавес, кој што ќе влезе далеку попретпазливо.

Мориеренсе во последното коло од регуларниот дел на сезоната со победа успеа да дојде до позиција на која што ќе му донесе бараж, додека од последните три средби, во две има постигнато најмалцеи два гола, нешто што ќе го бараме денеска од нив.

Предлог тип: Т12+ (2.09)

2860 Валеренга – Розенборг (Типелеаген Норвешка, 20:00 часот)

Три од последните пет средби кога се играле на стадионот на Валеренга завршувале 1:1, додека само еднаш овие две екипи на истото место не постигнале барем по еден гол во мрежата на противникот.

Ќе биде мало чудо доколку и денеска не видиме голеада, особено од страна на гостите кои што играат топло-ладно сезонава и се на разочарувачкото осмо место.

Тешко е да се предвиди победникот на оваа средба но реално е да видиме од еден до три погодоци во двете полувремиња посебно.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.85)

2705 КУПС – ХЈК Хелсинки (Веикауслига Финска, 15:00 часот)

Во неверојатна серија се овие две екипи, која се надеваме дека ќе продолжи и денеска. На последните четири едноподруго средби, нема победник кога ќе се соочат КУПС и Хелсинки, а за да биде така и сега, квотата во Sport Life изнесува 3.05.

За тие што играат на „сигурно“ може да пробаат нерешено било кога за што имаат квота од 1.67.

И двете екипи немаат пораз на последните пет средби кога играат како домаќин (КУПС) и како гостин (Хелсинки) и така сакаат да остане и денеска.

Предлог тип: Х (3.05)

7269 Новак Ѓоковиќ – Диего Шварцман (Ролан Гарос, 12:30 часот)

Победата не би требала да биде доведена во прашање кога станува збор за Новак, но сметаме дека Аргентинецот Шварцман е неоправдано потценет.

Тој е еден од најдобрите играчи на земја на денешницава, и затоа сметаме дека границата од 30.5 гејмови е ниска, но од друга страна тоа може да претставува и предност.

Во трите средби одиграни на земја, Новак се радуваше на победата, но во сите три наврати тоа било потешко од очекувањата. На Ролан Гарос овие двајца рекети се сретнаа во 2017 година, каде што по голема борба на крајот се радуваше Србинот на победа од 3:2 во сетови.

Предлог тип: >30.5 гејмови (1.95)

- Оглас -

Најнови вести