Како љубов кон клубот сам си ископал гроб (Видео)

Навивачите на најразличен начин го изразуваат фанатизмот кон омилениот клуб, а словечекиот скијач Клемен Коси е со една од најлудите креативности. Тој е голем навивач на Марибор и честопати јавно ја изразува поддршката кон овој клуб.

Сепак, тоа што сега го направи Коси е нешто неверојатно. Тој си ископал свој гроб и се закопал со единствена цел за „повторно раѓање“ на клубот за којшто навива.

Марибор многу лошо ја започна новата сезона и по поразот во дербито од најголемиот ривал Олимпија (0:2), екипата падна на последното место на табелата само со три бода од четири кола.

Словенечкиот тим денеска беше елиминиран и во квалификациите од Лигата на Европа, но сепак уште има шанса да игра во групна фаза од европско натпреварување, и тоа во Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести