Клубот остана без фудбалери, сите емигрирале во други држави!

Неверојатна ситуација се случува во Тунис, а во центар на вниманието е еден клуб кој се натпреварува во тамошната четврта лига. Екипата на Гардимау веќе не може да функционира и се заканува гаснење на клубот, а причината е неверојатна.

Во последните три години, дури 32-ца фудбалери од овој клуб решиле да емигрираат во Европа во обид да најдат подобар живот. Овие фудбалери не се професионали, туку имале и други работни обврски, но тоа не било доволно да имаат пристојни услови за живот.

Сезонава клубот ја започна со 13-мина фудбалери, но сега остана без ниту еден играч откако сите 13-мина решиле да заминат во европските земји за подобар живот.

„Ги стопиравме сите активности и ги прекинавме нашите натпревари. Не може да си дозволиме опрема, дресови или копачки, а ниту фудбалери не добиваат плата. Што ќе заработеа од другите работи кои ги имаа, мораа да одвојуваат за да купат опрема, но факт е дека мора да ги хранат и семејствата. Се обидовме да најдеме решение, но, за жал, не можевме да ја избегнеме оваа ситуација“, вели претседателот на четвртолигашот, Џамил Мефтахи.

Во последните неколку години,  во Тунис владее економска криза и најголем дел од младите, односно тие што се на возраст од 17 до 25 години, решаваат да си заминат од земјата.

- Оглас -

Најнови вести