Англија имаше многу среќа, пеналите ја расплакаа Нигерија (Видео)

Репрезентациите на Англија и Австралија се пласираа во четвртфиналето од Светското пренство за жени откако денеска се радуваа по дуелите против Нигерија и Данска. Актуелниот европски првак Англија по голема драма и дури по подобро изведување на пенали ја анулира Нигерија. По регуларните 90 минути немаше погодоци, а мрежите мируваа и по дополнителните 30 минути.

Англичанките беа со играч помалку од 87-мата минута, кога црвен картон доби Џејмс, но Нигеријките не ја искористија бројчаната предност. Во пенал-рулетот први шутираа Англичанките и не погодија, но потоа следуваа и две утки на фудбалерките на Нигерија, па Гордиот Албион се радуваше со 4:2 на пенали. Пенал-драмата може да ја видите ТУКА.

Австралија, која е кодомаќин на Мундијалот, со 2:0 ја победи Данска. Кетрин Фурд погоди за голема радост на домашните фанови во 29-тата минута, а победата беше потврдена со погодокот на Хејли Расо во 70-тата минута.

Утре се играат последните два осминафинални дуели.

- Оглас -

Најнови вести