Шоу на „Олд Трафорд“, Ливерпул се спаси од пораз (Видео)

Ливерпул го загуби првото место на табелата во Премиер лигата откако одигра 2:2 на гостувањето на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед во дербито на 32. коло. Со овој бод, Ливерпул стигна до 71 бодови, колку што има и лидерот Арсенал, додека третопласираниот Манчестер сити има 70 бодови. Според овој распоред на табелата, до крајот на сезоната се очекува да ја има една од најнеизвесните на првенството.

Ливерпул прв се израдува откако Луис Дијас погоди за водство на гостите во 23 минута. На почетокот на вториот дел, Бруно Фернандеш израмни и тоа со спектакуларен погдок од 40 метри, кој може да го видите ТУКА.

Комплетен пресврт се случи во 67 минута кога тинејџерот Коби Мајно донесе нова радост за домаќините и предност од 2:1.

Водството на Манчестер јунајтед траеше до 84 минута кога беше досуден пенал за гостите, а Мохамед Салах беше прецизен и погоди за 2:2.

- Оглас -

Најнови вести