Се појавија први фотографии од Валверде по „ќотекот“ кој го доби

По она што се случи вчера во соблекувалната и тренинг центарот на Реал Мадрид, Уругваецот Федерико Валверде се појави јавно преку објава на неговата сопруга Мина Бонино.

Има и слика од Валверде, прва по инцидентот со Орелиен Чуамени. Валверде вчера беше удрен по силна расправија и мораше да биде лекуван во болница. Денеска Реал ги казни двајцата со по 500.000 евра. 

Преку објава на социјалните мрежи од неговата сопруга, уругвајскиот играч за врска беше виден во семеен амбиент.

Валверде нема да биде достапен за натпреварот против Барселона в недела, бидејќи ќе треба да мирува 10 до 14 дена откако му е дијагностицирана повреда на главата. Според изјавата објавена од самиот играч, повредата се случила кога ја удрил главата во маса по падот во соблекувалната на Реал Мадрид. Сепак, малку кој верува во тоа, имаше потврди дека проблемот потекнува од удар од Чуамени. Од спортска перспектива, отсуството на Валверде претставува голем проблем за Реал Мадрид, кој вака губи еден од своите најважни играчи во однос на интензитетот, динамичноста и рамнотежата. 

- Оглас -

Најнови вести