Луд финиш во Лондон со среќен крај за Арсенал

Арсенал минимално со 1:0 го победи Вест хем во лондонската пресметка. Леандро Тросар беше херојот на Топчиите постигнувајќи го единствениот гол и тоа во 83 минута.

Во текот на целиот меч гостите беа многу подобри, напаѓаа, но дури во финишот, односно во 83 минута го скршија отпорот на Чеканите.

Во последните минути Вест хем тргна да израмни и даде гол во 90+4 минута преку Калум Вилсон. Сепак, потоа се вклучија судиите од ВАР собата и го поништија погодокот на домаќините, па Арсенал ги освои сите три бода.

Со оваа победа Арсенал сигурно останува осамен на врвот на табелата, а до крајот на првенството остануваат само уште две кола.

Арсенал повеќе од две децении чека да се израдува на шампионската титула во Премиерлигата.

 

- Оглас -

Најнови вести