Чаби Алонсо сака да се врати во тренерскиот свет, а иако долго време се поврзуваше со клупата на Ливерпул, сега изгледа дека е многу поблиску до преземање на Челзи.
Според релевантни извори од Англија, Алонсо веќе воспоставил контакти со раководството на Челси, а управата на Сините од Лондон верува дека токму тој е идеалното решение за иднината на клубот.
Истовремено, Ливерпул нема никакви контакти со Чаби Алонсо, а на „Енфилд“ ќе ја прават конечната анализа на работата на Арне Слот дури на крајот од сезоната.
Првично се сметаше дека заминувањето на Слот е речиси сигурно по завршувањето на сезоната, но сега се чини дека раководството му дава доверба, и покрај разочарувачката сезона без освоен трофеј.
Самиот Слот не планира да си замине, уверувајќи дека со неколку засилувања и без бројните повреди може повторно да изгради силен Ливерпул.
Сосема поинаква е ситуацијата во Челзи. Клубот веќе направи неколку погрешни потези со тренери и сега нема право на нова грешка. Се очекува и дека тимот ќе останат без настап во Европа, па следната сезона ќе ја почнат практично од нула, со цел повторно враќање меѓу врвот во Премиер лигата.

