МКФ им даде време за корекции на Работнички и Вардар

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација им даде „зелено светло“ на Работнички и Вардар да продолжат своите натпревари како домаќини да ги играат во салите во кои и досега ги пречекуваа своите гости. Ова значи дека „Градски парк“ и малата сала во СРЦ „Кале“ остануваат на прволигашката мапа, и покрај нотираните забелешки.

Одборниците решија да попуштат, бидејќи реалноста во Македонија е дека само неколку сали целосно ги исполнуваат сите критериуми на ФИБА и не сакаа да укинат играње во сали во кои со години и децении се игра прволигашка кошарка, но даден е рок до почетокот на Суперлигата да се решат проблемите.

- Оглас -

Најнови вести