Лондонските ривали најавија спектакл и голови во Баку

Челзи – Арсенал (21 часот)

Лондонското дерби во Премиерлигата честопати изобилуваше со голови, а вечерва двете екипи од Англија ќе играат за вредниот пехар во Европа Лигата.

Дефанзивата на Арсенал остана рак-рана на тимот, а топчиите во англиското првенство имаат примено најмногу голови од топ екипите. Тоа не успеа да го смени ниту шпанскиот стратег Унаи Емери, а нападот остана ефикасен, што е долг период заштитен знак на Арсенал.

Вечерва ќе недостасува Мхитаријан и стандардно отсутните Белерин, Рамзи, Денис Суарес, Мавропанос и Холдинг.

Кај Челзи најголем проблем е неизвесноста околу настапот на Нголо Канте и секако вчерашниот инцидент меѓу Давид Луиз и Гонзало Игуаин и реакцијата на тренерот Маурисио Сари.

Адут на Арсенал е и тренерот Унаи Емери, кој вечерва може да стане единствениот стратег со 4 пехари во Европа Лигата. Арсенал го доби последниот меѓусебен меч со 2:0, има нешто подобар биланс со Челзи во последно време, но во Баку сепак ќе се игра еден малку поинаков меч, што носи двојна добивка и пехар во Европа Лигата и настап во Лигата на шампионите следната сезона.

Предлог тип: 1+I&3+ (2.15) Квота на денот

 

Еквадор У-20 – Мексико У-20 (18 часот)

Пресметките на јужноамериканските селекции на било кое натпреварување секогаш се интересни. Вечерва во Гдиња Мексиканците немаат избор освен победа и да чекаат дали ќе бидат меѓу најдобрите третопласирани селекции за пласман понатаму. Изненадувачки двапати се поразени, а тоа за селекција што секогаш имала екстра таленти на оваа возраст е неуспех.

Се чини дека и погрешија со изборот на составот, а имаат само еден играч што настапува во Европа и тоа Диего Лаинез кој игра за Бетис. Го нарекуваат мексиканскиот Меси, но на Мундијалот во Полска барем досега не покажа зошто го сметаат за еден од најталентираните играчи на планетата.

И Еквадор е на работ на елиминација, ако не победи, бидејќи со само еден или два бода нема да се оди во следната фаза. Едно е сигурно дека ремито не им одговара на двете селекции и ќе значи елиминација и за Еквадор и за Мексико.

Предлог тип: 1Х&2>1 (2.40) 

 

Италија У-20- Јапонија У-20 (18 часот)

Ова е меч за прво место во Б групата, а Италија ја има пол-позицијата и со реми ќе го задржи врвот. Избраниците на Паоло Николато во италијански стил со две минимални победи најавија дека се кандидати за завршницата, па и за највисок дострел.

Тандемот Пинамонти и Лоренцо Пелегрини имаат и солидно прволигашко искуство со доста настапи сезонава за Фрозиноне и Калјари, па тие двајца се лидери во составот на „аѕурите“. Засега им оди одлично и имаат две победи, а кога Италија е во позиција да не стравува за пласман понатаму знае да одигра и рутински на реми.

Јапонците го победија Мексико и ремизираа со Еквадор, па за да го запечатат настапот во следната фаза им одговара нерешен резултат.

Предлог тип: Х (2.25)

 

Колумбија У-20 – Тахити У-20 (20.30 часот)

Симпатичната селекција на Тахити по вторпат игра на СП за играчи до 20 години и се уште го чека првиот гол. Во 2009 на Мундијалито во Египет завршија последни во групата со три порази и неверојатна гол-разлика 0:21.

Сега пак редат само порази, загубија од Сенегал со 0:3 и од домаќинот Полска со 0:5, а им се заканува и нов неуспех, против одличната селекција на Колумбија.

Јужноамериканците со победа ќе бидат сигурни улесници во следната фаза, макар и како третопласирани во А групата, а само прашање е колку голови и со каква разлика денеска ќе го победат слабиот Тахити.

Предлог тип: 3-6 голови (1.50)

 

Сенегал У-20 – Полска У-20 (20.30 часот)

Кога ќе се погледне составот на домаќинот веднаш се забележува дека имаат неколку играчи во младинските Академии на гиганти од калибарот на Баерн и Рома и уште дузина што се членови на германски и англиски клубови. Сепак главна ѕвезда им е Томаш Маковски од Лехија Гдањск, играч кој беше најавуван како голем талент пред почетокот на шампионатот.

Полјаците загубија еден дерби дуел во групата, а ги надигра Колумбија, па ако сакаат да одат понатаму не смеат да загубат од Сенегал.

Сенегалците имаат доста фудбалери што играат во француските клубови, а најпознат играч им е Алфа Дионку, бекот кој е член на Манчестер сити. Играат модерен фудбал, комплетно ја надиграа Колумбија, а Сенегал е се уште без примен гол на шампионатот и може да се носи со Полска, иако домаќините го имаат епитетот фаворит на овој меч.

Предлог тип: ГГ (1.86)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести