Среќната јакна на Гвардиола продадена на аукција

Сивата плетена јакна која тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ја носеше во поголемиот дел од минатата сезона, беше продадена на добротворна аукција. Гвардиола ја сметаше таа јакна за среќна, а на крајот се покажа и дека е така, бидејќи Сити се радуваше на трофеите во Премиер лигата, ФА купот и Лига купот, што значи дека имаше апсолутна доминација во Англија.

По завршување на сезоната, шпанскиот стратег вети дека ќе ја даде јакната да биде продадена на добротворна аукција, а ја купи еден негов фан од САД, кој плати 6.000 фунти.

„Мило ми е што се собрани толку пари од добротворната акција, а мило ми е што можев да им подарам на навивачите нешто што ни помогна во остварување на минатосезонскиот успех“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести