Суарес не гризе повеќе, сега бара пенали за игра со рака на голманите (Видео)

Луис Суарес ја имаше најубавата шанса во првото полувреме на дербито меѓу Уругвај и Чиле, а откако прокоцка зицер се збуни, па бараше играње со рака на голманот Аријас. Пенал за игра со рака од голман не постои во фудбалот, а на шпицот на Уругвај брзо му текна дека бара невозможно и се фати за главата.

https://twitter.com/Spts24/status/1143316346467422209

Уругвајците сепак победија со голот на Кавани со 1:0, го освоија првото место во Ц групата и ќе играат со Перу во четвртфиналето на Копа Америка.

- Оглас -

Најнови вести