Како да не е доволна повредата на Лионел Меси, ниту пак отсуството на Ансу Фати за мечот со Хетафе, на неполн час пред почетокот на тој дуел од седмото коло во Ла Лига, тренерот Ернесто Валверде остана и без услугите на Усман Дембеле.
Се очекуваше Дембеле да биде дел од напаѓачкото трио со Суарес и Гриезман за мечот против мадридската екипа, а сега единствена опција на Каталонците им остана младиот Карлес Перес. Дембеле се здоби со повреда на бутниот мускул од левата нога при загревањето за предвидениот натпревар кој е закажан за 16 часот.
Му следуваат детални медицински прегледи за да се одреди сериозноста на повредата и колку време ќе му биде потребно на Французинот да паузира.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1177929563277541376?s=19