Нов малер за Барселона – се повреди и замената за Меси

Барселона сезонава уште се нема израдувано на победа на гостински терен. Во трите меча кои ги одиграа надвор од „Камп Ноу“, каталонскиот гигант претрпе два порази, а има и едно реми. Вечерва шансата за фудбалерите на тренерот Ернесто Валверде е гостувањето во Мадрид против против Хетафе.

Помалку неверојатно делува фактот дека Барселона цели пет месеци нема споено две победи по ред, а за да се сруши таа лоша низа, потребно е вечерва да се освојат трите бода. Во првите шест гола, Барселона има очајна одбрана и прими дури 10 гола, но тоа што е позагрижувачки е лошата игра кога на теренот го нема Лионел Меси.

Аргентинецот ги пропушти првите неколку кола, а кога за прв пат заигра во стартниот состав, мораше да биде заменет на полувремето поради нова повреда. Меси вечерва нема да игра против Хетафе, а дополнителен проблем за Валверде е тоа што на вчерашниот тренинг се повреди и неговата замена. И талентираниот тинејџер Ансу Фати ќе го пропушти мечот поради повреда, па во нападот на гостите ударното трио ќе го сочинуваат Суарес – Гриезман – Дембеле.

 

- Оглас -

Најнови вести