Ќе нема фудбал и во Азербејџан, уште 15 земји во Европа фудбалски пркосат на пандемијата

Азербејџан е последната земја членка на УЕФА која реши да ги откаже фудбалските возбудувања и се приклучи на поголем дел од европските првенства. Шампионатот во оваа земја ќе биде во прекин во следните две недели, а потоа ќе се одлучи дали мерката за прекин ќе биде укината.

„Како мерка за стопирање на ширењето на Коронавирусот се одложуваат 21-то и 22-то коло од Првата лига, како и 20-то коло од Првата дивизија“, стои во соопштението испратено од претседателот на фудбалската федерација на Азербејџан, Рамин Мусаев.

Според актуелната ситуација, само 15 членки на УЕФА не го сопреа фудбалското првенство, а тоа се Турција, Кипар, Русија, Белорусија, Србија, Исланд, Шведска, Украина, Унгарија, Финска, Гибралтар, Казахстан, Косово, Црна Гора и Фарски острови.

Во понудата на Sport Life има мечеви и од дел од шампионатите во Јужна Америка, во Азија и од Африка, па секако предизвик е да се направи добитен тикет за овој викенд сиромашен со мечеви.
- Оглас -

Најнови вести