Шпанска голеада и понижување од 6:0 што долго ќе го паметат Германците – Вака не ги надиграл никој од 2006 година (Видео)

Германците се понижени во Севилја и си заминаа со петарда во дуелот против моќната Шпанија, која победи во дербито во Лигата на нациите со 6:0 и го освои првото место во четвртата група од Сегментот А.

Германците и буквално не шутнаа на гол и освен ударот на Гнабри во пречката во 76-тата минута, воопшто и не се заканија кон домашниот гол.

Шпанците блескаа на крилјата на феноменалниот Феран Торес, кој постигна хет-трик, прв за него како репрезентативец на Шпанија.

Најава за сигурен триумф испрати Алваро Мората со прв гол во 17-тата минута, а потоа му беше поништен вториот поради офсајд.

Продолжи Торес со погодок во 33-тата минута, а првото полувреме го заокружи Родри со погодок во 38-мата минута за 3:0 на полувреме.

Педантните Германци веднаш објавија дека Елфот последен пат примил три гола во прво полувреме во 2006 година против Италија, меч што го загубија со 4:1.

Сега примија петарда без да постигнат гол, што е еден од најтешките порази на четирикратниот светски првак. Во второто полувреме ги докусури Торес со уште два гола, еднаш погоди и Ојарзабал, па Шпанија е прва во групата и ќе игра за титулата во второто издание на Лигата на нациите.

https://twitter.com/aarxnMCFC/status/1328809260692566016?s=20

Вториот меч од оваа група меѓу Швајцарија и Украина е одложен.

Во двата последни дуели од третата група во Сегментот А, Франција со победа од 4:2 против Шведска го потврди првото место, а Португалија со победа од 3:2 во Хрватска го препушти тронот како шампион од првото издание во Лигата на нациите.

Шведска испадна и ќе игра во Сегментот Б во Лигата на нациите во третото издание.

- Оглас -

Најнови вести