Мегадуелот меѓу Барселона и ПСЖ засега ги оправдува очекувањата, барем во разиграното прво полувреме во кое двете екипи по еднаш погодуваа за нерешни 1-1.
Домаќините први се обидоа да се заканат преку Гриезман, додека Светците чекаа грешка на одбраната за преку контранапад да изградат позиција за шут кон голот на Тер Штеген. Се чекаше до 27-та минута за првото големо возбудување, кога Курзава го фаулираше Де Јонг во својот шестнаесетник, па судијата Кујперс досуди пенал за Барса.
Меси ја презеде одговорноста и сигурно реализираше за 1-0, меѓутоа предноста не траеше повеќе од пет минути, бидејќи гостите експресно одговорија преку одличниот гол на Мбапе во 32-та минута. Набрзо по тој гол, ПСЖ можеше да оствари комплетен пресврт, меѓут Тер Штеген беше на ниво на задачата и му го одбрани опасниот обид на Курзава.
На неутралниот терен во Будимпешта, Лајпциг и Ливерпул засега одолеваат на головите. Нема промени во резултатот по 45 минути игра, иако англискиот првак е значително поконкретен и засега го контролира мечот.
Се играше 36-тата минута кога Црвените преку Фирмино мислеа дека дојдоа до предност од 1-0, меѓутоа погодок се поништи бидејќи претходно во акцијата, топката го напушти теренот, односно Мане не успеа да го задржи поседот на топката.