Аѕурите не знаеја што ги снајде: Нено газеше со тројки од пола терен, цепелини… (видео)

Ненад Димитријевиќ и Џејков Бајли беа меѓу највлитателните играчи на теренот против Италија во првата победа на Македонија во квалификациите за Евробаскетот 2022. 

Нашиот плејмејкер заврши како најефикасен на мечот со 22 поени, а во својата статистика додаде седум асистенции и пет скока, по што стана најголем „виновник“ за пресвртот против Аѕурите.

https://twitter.com/EuroBasket/status/1363489437343227904

Во походот кон комплетниот пресврт, Димитријевиќ пред крајот на третиот период погоди тројка од половина терен, а пред тоа со Вајли креираа одлична брза акција со НБА-завршница. Откако помина половина од теренот, Нено го пронајде Вајли кој се искраде во празниот рекет и му намести цепелин.

https://twitter.com/EuroBasket/status/1363479170009894916

- Оглас -

Најнови вести