Кристал Палас го направи најголемото изненадување во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата, откако со 3:2 победи на гости кај Манчестер сити. Триумфот на гостите е уште позначаен, ако се знае дека шампионот имаше водство од 1:0 пред своите навивачи, но на крајот загуби.
Шлуп и Таусенд за само две минути во првото полувреме направија целосен пресврт. Посебно убав беше погодокот на Таусенд, кој упати „бомба“ од 30 метри.
Во второто полувреме се очекуваше Сити да нападне и да израмни на 2:2, но во 50 минута беше досуден пенал за гостите, а Лука Миливојевиќ немаше милост и погоди за 3:1. До крајот на средбата, Кевин де Брујне постигна случаен гол во 85 минута за 2:3, но тоа не беше доволно шампионот да се спаси од пораз на свој терен.
Лестер слави за прв пат по 18 години на „Стемфорд Бриџ“. Гостите дадоа еден гол и тоа преку Џејми Варди, а тоа беше доволно за три бода од гостувањето во Лондон.
На поразите на Сити и Челзи најмногу се израдуваа фановите на Ливерпул. Лидерот сега ја зголеми предноста на четири бода пред Сити, додека Челзи веќе заостанува 11 бодови зад тимот од „Енфилд Роуд“.
Во останатите мечеви: Борнмут – Брајтон 2:0, Хадерсфилд – Саутемптон 1:3, Њукасл – Фулам 0:0, Вест хем – Ватфорд 0:2.