Навивачот кој се врза за стативата со порака: Луѓе не знаете што нè чека, ќе се бориме за да добиеме леб во пекара!

Луис Мекени е 21-годишното момче кое изненадувачки стана планетарно популарно поради еден необичен потег. Луис реши да втрча на терен и успеа да се врзе за стативата на дуелот Евертон – Њукасл. Речиси 10 минути траеше обидот да се ослободи момчето од стативата. Овој инцидент може да го видите ТУКА.

Дека прекинот на мечот бил планиран покажува и видеото кое Луис го снимил пред да замине на стадион. Во видеото тој објаснува дека свесно ќе го прекине мечот за да може да укаже на ужасната иднина која тој верува дека ќе дојде.

„Здраво. Моето име е Луис Мекени, имам 21 година и сум студент по машинство. Ќе прекинам фудбалски меч и престрашен сум поради тоа, но сметам дека многу луѓе треба да знаат што нè чека во иднина. Милијарди луѓе не знаат дека државите ќе станат многу жешки за живеење. Масовен глад не настапи поради неуспехот ворастителните култури. Ќе се бориме за парче леб во пекара. Кризата со Коронавирусот и војната во Украина се одраз на нашата иднина. Сакам мојата влада да стори се што може за да го спречи ова, но тие само ги влошуваат работите и го зголемуваат ризикот. Ги повикувам обичните луѓе да им се приклучат на илјадниците демонстранти оваа пролет, кои ќе се залагаат да не се произведува нова нафта и гас. Стоп за производството на нафта“, вели младиот 21-годишен натрапник на мечот Евертон – Њукасл, кој е дел од организацијата Just Stop Oil.

 

- Оглас -

Најнови вести