И тоа го има во Премиер лигата: Навивач втрча на терен и се врза за стативата (Видео)

Дуелот меѓу Евертон и Њукасл во Премиер лигата имаше неочекуван неколкуминутен прекин на почетокот на второто полувреме.

Еден навивач втрча на теренот и самиот се заврза за стативата на голот на Асмир Беговиќ.

Неколку стујарди се мачеа да го ослободат навивачот натрапник, а по речиси десетминутна „борба“, мечот продолжи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести