Која е организацијата што презеде одговорност за протестот со врзување на вратот за статива?

Организацијата Just Stop Oil ја презеде одговорноста за постапката на еден млад човек кој синоќа за време на премиерлигашкиот меч Евертон – Њукасл си го врза вратот за стативата.

Стјуардите осум минути се обидуваа да го ослободат навивачот, употебуваа и челични ножици. Иако многумина се чудеа за потегот, јасно беше дека станува збор за некаков протест, а сега е јасно и каков.

Организацијата „Запрете ја нафтата“ се огласи по повод инцидентот на „Гудисон парк“.

„Нашата Влада направи предавство бидејќи финансира нови нафтени полиња во Северното море. Нова нафта значи уништување на иднината на нашите деца. Тоа е објавување на војна на малите островски држави и страдање на најсиромашните и најмаргинализирани во сите региони“, објавија од Just Stop Oil.

- Оглас -

Најнови вести