Марија Шарапова има многу причини за радост и го чека своето прво дете во врската со британскиот милионер Александер Гилкс.
Популарната Сибирска Мачка, која остави траен белег во тениската игра и има пет гренсле- титули, ја објави радосната вест на својот 35-ти роденден со фотографија од плажа.
https://twitter.com/WeAreTennis/status/1516695414006767616?s=20&t=io-pgfO3kwiCeMb6Qpe_nw
Шарапова сè уште е една од највилјателните светски спортистки иако веќе не игра тенис.
Нејзината победа во финалето на Вимблдон во 2004 година, кога како 17-годишно девојче ја декласира Серена Вилијамс со 6:1, 6:4, е рангирана како една од највпечатливите победи во историјата на светскиот спорт.