Ѓоковиќ без многу мака го реши Качанов и си обезбеди пласман меѓу осумте најдобрите во Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во четвртфиналето на последниот годинешен турнир од Мастерс серијата 1000 што се игра во Париз откако во осминафиналето го совлада Русинот Карен Качанов.

Ѓоковиќ за 87 минути го совлада Качанов во два сета со 6:4, 6:1 и се пласира во четвртфиналето.

Новак одлично го започна мечот и веднаш направи брејк, кој го потврди со сигурен сервис и поведе со 3:0. Но, Русинот не се предаде и во петтиот гем успеа да го врати загубениот сервис.

Во наредните четири гема и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, а одлучувачки момент во првиот сет беше десетиот гем, во кој Ѓоковиќ повторно направи брејк за водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет немаше никаква неизвесност, Новак двапати го одзеде сервисот на својот противник и за убедливи 6:1 дојде до триумф и си закажа четвртфинална пресметка со Италијанецот Лоренцо Мусети, кој пак во три сета, и тоа со 4:6,6:4,6:4 го победи третиот носител Каспер Руд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести