Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес најави дека неизвесна е неговата иднина околу тоа дали ќе остане на селекторското место. Раул не е задоволен од пласманот на 15. позиција, но вели дека е потребно да поминат неколку дена, да се смират страстите, а потоа да се направи анализа.
„Завршивме на 15. место и не сум задоволен. Мојата цел беше да влеземе во главната рунда. Знам дека има коментари дека откако сум заминал во ПСЖ, не сум бил посветен на работата во репрезентацијата. Мундијалот заврши, ша ќе видиме што ќе биде. Јас сакам одлуките да ги носам во мирна атмосфера, а не вака. Засега, не знам дали ќе останам селектор на Македонија во следните мечеви од квалификациите за ЕП“, рече стратегот на Македонија.