Милан дојде на туризам во Саудиска Арабија, Интер го декласира и ја одбрани титулата во Суперкупот (Видео)

Интер беше многу подобар од лутиот градски ривал Милан во финалето на италијанскиот Суперкуп што се играше вечерва во Ријад, Саудиска Арабија.

Нероаѕурите го одбранија трофејот од лани со убедлива победа од 3:0 и сега се израмнети со Милан со по 7 пехари во Суперкупот, зад рекордерот Јувентус со 9 пехари.

Интер беше надмоќен во текот на целиот меч и набрзина од десеттата до 21-та минута со головите на Димарко и на Џеко поведе со 2:0 уште во првото полувреме.

Џеко на 36-годишна возраст стана најстариот фудбалер што постигнал гол во финалето на Суперкупот, откако претходно Кристијано Роналдо беше рекордер.

Во второто полувреме разиграниот Лаутаро Мартинес постигна гол за Интер во 77. минута и ја запечати победата во Суперкупот.

https://twitter.com/jmancini8/status/1615813142621130782?s=20&t=Fg4ONrD64YvnDeRZ45AD9Q

- Оглас -

Најнови вести