Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија ќе биде во третиот шешир при ждрепката за групите на Европското првенство кое кон крајот на годинава ќе се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Нашите ракометарки на 18 април во Виена ќе дознаат дали во првата фаза на ЕП ќе играат во Базел, Инсбрук или Дебрецин и против кои три ривали. Јасно е дека не може да ни паднат Словенија, Хрватска, Полска, Србија и Исланд, кои исто така се во третиот шешир.
Во првиот шешир се фаворитите Норвешка, Данска, Црна Гора, Франција, Шведска и Холандија. Во вториот се Германија, Шпанија, Романија, Унгарија, Швајцарија и Австрија.
Во четвртиот шешир се сместени Чешка, Украина, Турција, Фарски Oстрови, Португалија и Словачка.