Светците вчера ја одбија понудата на шпанскиот првак. Нејмар може да замине само ако веднаш биде откупен неговиот договор. Едногодишна позајмица би значело дека ПСЖ ќе треба да исплаќа дел од енормната плата на Бразилецот, па јасно е зошто сакаат уште ова лето да се ослободат од него.
Затоа францускиот првак им постави услов на Каталонците – Дембеле и Семедо, плус 100 милиони евра во замена за Нејмар. На тој начин Светците за возврат би добиле играч кој ќе игра на местото на најскапиот светски фудбалер, а дополнително би ја засилиле десната бековска позиција по заминувањето на Дани Алвес.
Барса досега одбиваше да го вклучи Дембеле во каква било размена бидејќи сметаат на услугите на младиот Французин, но се чини дека ова е единствената опција за да го вратат Нејмар, па ќе треба добро да размислат за оваа понува.