Абдул-Џабар продаваше прстени и МВП трофеи на аукција – Собра три милиони долари

Легендарниот кошаркар на ЛА лејкерс, Карим Абдул-Џабар на аукција ги продаваше своите шампионски прстени и бројни други награди, како и колекциски предмети со цел да собере средства кои ќе бидат наменети во добротворни цели. Собрани се речиси три милиони долари, а најголем дел од приходот ќе оди во неговата фондација „Скајхук“.

Абдул-Џабар продаде четири шампионски прстени кои ги освои со Лејкерс во 1980, 1985, 1987 и 1988 година, а прстенот од 1987 се продаде најмногу, за цена од 398.947 долари. За голема сума се продаде и топката со која ги постигна последните поени во неговата кариера, поточно 270.050 долари.

Шесткратниот најкорисен играч во НБА-лигата продаде и три МВП пехари, како и носени дресови и награди од Олстар-натпреварите. Најефтин предмет кој се продаде е потпишана фотографија на Абдул-Џабар ставена во рамка во износ од 1.166 долари.

- Оглас -

Најнови вести